Џони Деп со жолти и скапани заби отиде во Кан

Џони Деп со жолти и скапани заби отиде во Кан

пред 2 години





Холивудскиот глумец Џони Деп се појави на Канскиот фестивал на премиерата на неговиот повратнички филм за кралот Луј Петнаесети. Глумецот доби седуминутен аплауз во салата, а потоа позираше на црвениот тепих пред папараците. Глумецот благо се смешкаше, а фановите ги забележаа неговите жолти и скапани заби. Некои од нив коментираа дека сите му биле со кариес.

Голем број од фановите го припишаа тоа на пушењето, а Деп претходно во интервју за Premiere рече дека имал многу кариес и дека пред осум години чистел забен канал кој не го довршил.

„Остана мало скршено парче, но јас тоа го сакам. Тоа е како кога Индијанците ги украсуваат несовршеностите со монисто. Се гордеам со нив. Ме излудува кога гледам луѓе со совршени заби. Подобро да голтнам крлеж отколку да имам совршени заби“, рече Деп.

 

 






Share
Scroll to Top