Џордан Белфорт „Волкот од Вол Стрит“ призна дека погрешил за вредноста на Биткоинот

Џордан Белфорт „Волкот од Вол Стрит“ призна дека погрешил за вредноста на Биткоинот

пред 4 години

 

Американскиот автор и инвеститор Џордан Белфорт, за чија биографија беше снимен филмот „Волкот од Вол Стрит“ и чиј лик го глумеше Леонардо Ди Каприо, призна дека погрешил во неговите прогнози, дека Биткоинот како крипто-валута ќе исчезне.

Сега, Белфорт вели дека погрешил со тврдењата дека вредноста на Биткоин во 2017 ќе продолжи да паѓа по што ќе дојде до негово исчезнување.

Џордан исто смета и дека сега повеќе од било кога има голема база на корисници на оваа крипто-валута која станува се поатрактивна во период кога централните банки печатат нови пари за да се справат со економската криза предизвикана од коронавирусот.

Според него сеуште постојат многу можности за измами и манипулации со Биткоинот и перењето на пари, но се зголемува неговата кредибилност како платежно средство благодарение на се поголемиот број на инвеститори.

Share
Scroll to Top