Бројни колеги и пријатели му оддаваат почит на социјалните мрежи на глумецот Данчо Чевревски, кој вчера почина на 69 години.
„Мојот професор, колега и другар. Почивај во мир. Глумците не умираат“, напишаа актерите Весна Петрушевска и Драган Спасов Дац.
Сочувство изрази и премиерот Зоран Заев, кој напиша дека неговите уметнички достигнувања, оставиле важен и траен белег во театарот и македонската кинематографија.
Чевревски глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, а добитник беше и на поголем број награди.