Американскиот глумец Еди Хасел, познат по улогата во филмот „Клинците се во ред“ и кој беше номиниран за „Оскар“, беше убиен во едно предградие во Далас, во државата Тексас.
Локалните медиуми пренесуваат дека Еди починал како последица на куршумот од огнено оружје, со кој бил погоден. Тој бил тешко ранет додека некои се обидувале да му го украдат автомобилот.
Полицијата вели дека истрагата е во тек и дека се трага по осомничените.
„Њујорк тајмс“ пишува дека Хасел бил погоден пред станот на неговата девојка. Еден од неговите соработници изјавил дека глуецот бил погоден во стомак и дека веднаш бил префрлен во најбиската болница каде им подлегнал на повредите.






