Потребни состојки:
80 г брашно
1 лажица шеќер
1 лажица инстант-кафе
1 лажичка ситно рендано чоколадо
2 јајца
1 жолчка
20 г растопен путер
млеко по потреба
прстофат сол
шлаг
цимет
овошје (по желба)
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, кафето, чоколадото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата и жолчката и потоа додадете го растопениот путер. Измешајте ги двете смеси и пополека дур мешате додавајте млеко. Оставете ја сместа да отстои еден час. Палачинките пржете ги на путер. Готовите палачинки служете ги со шлаг и цимет. По желба додадете и некое овошје.