Потребни состојки:
3 јајца
200 мл јогурт
100 г путер
200 г ситно сирење
200 г пченкарно брашно
100 г бело брашно
1 прашок за печиво
100 мл газирана вода
малку сол
Начин на подготовка:
Јајцата изматете ги со прстофат сол, па додадете го јогуртот, а потоа и изренданото сирење. Промешајте со лажица, па додадете го изренданиот путер. Нај крајот додајте го брашното помешано со прашок за печиво. Промешајте добро за да се изедначи и ако смесата е премногу густа, разредете ја со газирана вода. Со лажица наполнете ги калапите за мафини, претходно добро намастени со путер (или хартиени корпи за мафини). Печете на 200 степени околу 20-25 минути.