Репрезентацијата на Шкотска ќе биде хендикепрана пред клучниот натпрева за пласман на Европското првенство. Поради повреда, натпреварот со Србија, ќе го пропушти Рајан Фрејзер.
Напаѓачот на Њукасл се повреди синоќа, на гостувањето кај Саутемптон.
Шкотска, во четврток, ќе гостува во Белград во финалниот натпревар од баражот во Ц–дивизијата, во Лигата на нации. Шкотланѓаните последен пат на едно Европско првенство учествувале во 1996 година.