АТП листа: Медвдев го „скокна“ Федерер

АТП листа: Медвдев го „скокна“ Федерер

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ ја започна 294 недела на чената позиција на АТП листата. Србинот има 1.980 поени повеќе од Рафаел Надал. Во Топ 10, на АТП листата, има само една промена, Данил Медведев на четвртата позиција го мина Роџер Федерер.

Ѓоковиќ е една недела поблиску до рекордот на Федерер, кој во кариерата 310 недели бил светски број 1. Швајцарецот кој ја пропушти речиси целата сезона, бележи пад од едно место. Од денес тој е петти играч во светот. Местото му го презеде Данил Медведев, кој вчера го освои Мастерсот во Париз.

АТП, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.830
2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.850
3. Доминик Тим (Австрија) 9.125
4. Данил Медведев (Русија) 6.970
5. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.630
6. Стефанос Циципас (Грција) 5.925
7. Александер Зверев (Германија) 5.252
8. Андреј Рубљов (Русија) 3.919
9. Диего Шварцман (Аргентина) 3.455
10. Матео Беретини (Италија) 3.075.

Share
Scroll to Top