Момче од Љубљана синоќа со ладно оружје и со пиштол убл тројца членови на неговото семејство, а потоа се застрелал.
Словенечката полиција објави дека злосторството се случило вечерта и дека пријавата до полицијата пристигнала околу 21 часот.
Според извештаите во медиумите, младиот човек ги убил родителите и сестра си. Полицијата потврди дека тој сериозно повредил луѓе на возраст од 26, 56 и 60 години и дека од здобиените повреди починале на самото место. Потоа си го одзел животот. Полицијата најпрво добила повик од 26-годишната жртва, која ги повикала на помош, а потоа ги повикал еден млад човек кој рекол дека е вооружен и дека убил членови на неговото семејство.
Набргу потоа, дошла полицијата и при влегувањето во куќата пронашла четири тела.Соседите и локалното население се во шок. Тие велат дека тоа било хармонично семејство и дека не претпоставувале дека може да се случи ваква трагедија.