Излезе во продажба авто-биографската книга на Синиша Михајловиќ, „Игра на животот“. Книгата на актуелниот тренер на Болоња, привлече внимание во европската фудбалска јавност.
Медиумите во Италија го издвоиле делот каде што Михајловиќ ја раскажува пресметката со Патрик Виера во Лигата на шампионите, во 2000 година. На крајот, Михајловиќ бил тој што го извлекол „подебелиот крај“.
„Единствената работа која не би ја повторил се случи во октомври 2000 година. Кога играв, на противниците им делев лактови и навреди. Тоа му се случи и на Виера. Му кажав ‘е.и се црнчиште’ и потоа добив суспензија од три натпревари. Згрешив, многу згрешив. Но и тој мене ме нарекуваше ‘е.ен циган’, во текот на целиот натпревар“, пишува Михајловиќ во својата книга.