Солзите на Ангеловски кажуваат многу – човекот кој ја трансформираше репрезентацијата

Солзите на Ангеловски кажуваат многу – човекот кој ја трансформираше репрезентацијата

пред 4 години

Игор Ангеловски, или како што некои го нарекуваат Мрме. Човекот кој седна на клупата на македонската репрезентација во 2015 година, кога навивачите беа целосно разочарани од резултатите и залагањето, и кога можеше да се каже дека го достигнавме нашето фудбалско дно.

Квалификациите за Европското првенство во 2016 година не можеа да бидат полоши – стартувавме со 5:1 пораз од Шпанија, а успеавме да загубиме од Луксембург. Бошко Ѓуровски доби отказ, на негово место дојде Љубинко Друловиќ а бевме на последното место во нашата група. Горан Пандев не беше во репрезентацијата поради конфликт со федерацијата.

„Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можам да ветам многу работа. Не се плашам од одговорноста иако резултатите и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Ќе направиме се што можеме да го поправиме впечатокот, бидејќи имавме фудбалери со силен карактер. Знам што значи репрезентацијата за сите нас и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот за подобри резултати“, изјави Ангеловски кога беше именуван за селектор.

Горан Пандев се врати по две години, но почетокот не беше сјаен – во првите четири меча од квалификациите за СП 2018 година немавме ниту еден поен. Сепак, потоа резултатите почнаа да се подобруваат и дојде шансата во Лигата на нации, новото натпреварување на УЕФА. Рангирани во најниското ниво (Д-лигата), во шест меча имавме 5 победи и 1 пораз за да обезбедиме пласман погоре (Лига Ц) и во исто време да ја добиеме шансата за пласман преку баражите со Косово и Грузија.

Share
Scroll to Top