Најбрзиот нокаут на мраз доаѓа од Словачка

Најбрзиот нокаут на мраз доаѓа од Словачка

пред 4 години

Хокејот на мраз покрај возбудливата и брза игра, секогаш нуди и можност за физичка пресметка меѓу големите момци на лизгалки. Случајот од Словачка ни го носи можеби најкраткиот нокаут на мраз.

Во меч од словачката лига, хокеарот на Дукла Михаловце, Марк Луис за само неколку секунди го „реши“ противникот од Слован Братислава, Патрик Маер. Тој веднаш ја загуби свеста и на крајот заврши во болница. Тепачката не влијаеше на резултатот – Слован победи со 7:4.

Share
Scroll to Top