Фабрегас осум години не зборува со Гвардиола

Фабрегас осум години не зборува со Гвардиола

пред 3 години

Фудбалерот на Монако, Шпанецот Цеск Фабрегас во разговор за „Радио Каталуња“ вели дека 8 години не разговара со Пеп Гвардиола. Актуелниот менаџер на Манчестер Сити му беше тренер на Фабрегас во Барселона само една сезона, пред тренерот во 2012-та да го напушти клубот од „Ноу Камп“.

„Немам никаков однос со Гвардиола и не знам дали разочарувањето е двострано. Такви работи се случуваат и не сакам премногу да зборувам за тоа“ рече Фабрегас кој по престојот во Барселона, отиде во Челси каде тренер му беше Жозе Мурињо со кого и ден денес е во контакт.

„Не сум никаков предавник со тоа што отидов во Челси на Мурињо. Морав да мислам на себе, ми се допадна неговиот проект. Со него сум во одлични односи и го сметам за пријател“ вели Шпанецот.

Share
Scroll to Top