Клатенбург контра Клоп: Јирген е лицемер и сака да влијае на судиите

Клатенбург контра Клоп: Јирген е лицемер и сака да влијае на судиите

пред 3 години

Англискиот фудбалски судија, Марк Клатенбург смета дека Јирген Клоп е загрижен од формата на Манчестер јунајтед и затоа реши да ги коментира пеналите кои ги добива нивниот ривал наместо сопствената игра.

Во колумна за „Дејли мејл“, Клатенбург му порачкува на менаџерот на Ливерпул да не биде лицемер со изјавите за пеналите на Јунајтед.

„Клоп беше во право кога кажа дека Јунајтед имаат повеќе пенали во две години отколку Ливерпул во неговите пет и пол години на ‘Енфилд’. Тоа беше умна изјава, бидејќи со таков коментар немаше да си направи проблеми со ФА. Но, да бидеме јасни: Нема заговор кај судиите и официјалните лица, бидејќи Клоп го инсинуираше тоа. Или велеше дека Јунајтед ги охрабрува своите играчи да глумат? Ако се работи за првото, немам коментар, бидејќи не е вистина. Но, ако вели дека играчите на Јунајтед паѓаат лесно, можеби е во право. Иако истото го прават и неговите ѕвезди. Тој звучи како лицемер ако го тврди тоа, бидејќи Мо Салах и Садио Мане ја имаат истата тактика. Клоп не го правеше тоа минатата сезона кога Ливерпул победуваа секоја недела. Знам дека не сака да губи, но нека не претерува“, вели Клатенбург.

Клоп: Јунајтед за две години добиле повеќе пенали отколку ние за пет

Share
Scroll to Top