(Видео) Пукање во Нов Белград, рекетари се обиделе да изнудат пари од работници во кафуле

пред 4 години

Белградската полиција трага по двајца разбојници кои рано утрово се обиделе да изнудат пари од едно лице во Нов Белград, соопшти за „Танјуг“ српското Министерство за внатрешни работи.

Како што информирале од таму, утрово околу 7.15 часот во улица во блокот А во Нов Белград, две лица побарале пари од минувач, а по тој повод едниот од разбојниците испукал еден куршум од пиштол.

Во моментов полицијата трага по двајцата насилници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Порталот „Објектив“ наведува дека тие се обиделе да изнудат пари во вработен во кафуле.

Од друга страна, како што изјавил очевидец за Нова.рс, еден од напаѓачите пукал кон возачот.

„Разнесувавме кроасани, а возачот беше во блокот А во Нов Белград кога беше нападнат од двајца маскирани и облечени во црно. Возачот се оддалечи од нив и зеде столици и пепелници од градината на кафулето и ги гаѓаше со нив како вистински херој“, рекол очевидецот за Нова.рс додавајќи:

„Кога го видоа како се брани, едниот извади пиштол и пукаше“.

После тоа, напаѓачите избегале од местото на настанот.

Share
Scroll to Top