Германија е се уште во шок, по катастрофалниот пораз на националниот тим во дуелот со Шпанија. „Црвената фурија“, во вторникот, ја прегази Германија со 6:0. Поранешниот репрезентативец Мемет Шол смета дека вината за дебаклот е кај фудбалерите, а не кај селекторот Јокаим Лев.
„Јоги Лев мора да анализира што е тоа, што веќе неколку години наназад ги тера играчите да работат лошо на тренинзите. Јас тоа го забележав пред три години. Играчите немаат желба за успех. Можат да пробаат со 18 различни системи и ништо нема да постигнат. На новата генерација и недостога победничкиот менатлитет“, рекол Шол.
Според него работите нема да се сменат дури и Лев да ги врати во репрезентацијата Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс, бидејќи новата генерација не е истренирана доволно добро.
„Во минатото на сите им беше драго кога ќе беа со репрезентацијата, сека сите со душа чекаат да помине репрезентативната недела“.
Шол исто така ги критикувал и тренерите во Бундеслигата, за нив рекол дека се „лап-топ тренери“, односно дека знаат да направат добра татктика, но не снаат како да ја држат соблекувалната под контрола и како на играчите да им го наметнат победничкиот менатлитет.