Пантелиќ му врати на Видиќ: Кога ти промашуваше пенали, не пишуваше соопштенија

Пантелиќ му врати на Видиќ: Кога ти промашуваше пенали, не пишуваше соопштенија

пред 4 години

Потпретседателот на Српскиот фудбалски сојуз (ФСС), Марко Пантелиќ му одговори со соопштение на својот поранешен соиграч од репрезентацијата, Немања Видиќ, кој имаше огромни критики на работата на сојузот откако Србија не успеа да се квалификува на ЕП во 2021 во пенал серијата со Шкотска.

„Драг Немања, малку српски фудбалери постигнаа толку голем успех, кои имаа храброст да ја преземат одговорноста на теренот. Секогаш беше бескомпромисен. Те викавме да се вклучиш во работата во Сојузот и да преземеш одговорност како кога беше фудбалер, но ги одби сите предлози и реши да останеш во сенка и да чекаш. Сега, дочека, и удри на Сојузот кој беше покрај тебе секогаш. Викаш има многу проблеми. Имаше и кога како репрезентативец не успеваше да отидеш на големи натпреварувања и кога преземаше одговорност. Потсети се на пеналот со Словенија, поразот од Естонија, пеналот со Германија. Но, сега, ти како поранешен капитен, на ваков начин разговараш и ни забиваш нож во грб. Тоа не го очекувавме“, вели Пантелиќ.

Пантелиќ, поранешниот фудбалер на Херта и Ајакс го потсетува Видиќ за неговиот утнат пенал при 1:0 поразот од Србија во 2011, со кој не успеаја да се пласираат на Европското првенство.



Видиќ „удри“ по ФС на Србија: Засрамете се! Целиот систем работи за вас и менаџерите

Share
Scroll to Top