Сариџа повеќе не е селектор на Турција

Сариџа повеќе не е селектор на Турција

пред 4 години

Кошаркарскиот сојуз на Турција, во петкот, објави дека Уфук Сариџа повеќе не е тренер на националниот тим. Без да ги наведат причините за разделбата од Кошаркарскиот сојуз навеле само дека е раскинат договорот со селекторот.

„Им благодариме на селекторот Сариџа и неговиот клуб Каршијака за соработката во изминатиот период“, се наведува во соопштението.

На претстојните квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, против Хрватска и Холандија на 27. и 29.ноември, Турција од клупата ќе ја предводи Орхан Ене.

Share
Scroll to Top