Владмир Путин имал рак и Паркинсонова болест, рускиот претседател бил двапати итно опериран

Владмир Путин имал рак и Паркинсонова болест, рускиот претседател бил двапати итно опериран

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин има и рак и симптоми на Паркинсонова болест, пренесува српски Курир, која пак се повикува на британските медиуми, кои дознаваат од извесни политички аналитичари.

На почетокот на овој месец, рускиот научник и историчар Валериј Словеј, тврдел дека претседателот Путин бил сериозно болен и дека поради рак, бил итно опериран во февруари.

Освен тоа, тој изјавил дека наводно, Путин ќе се повлече наредната година од власта поради здравствени проблеми.

„Кога станува збор за другата дијагноза, Пакринсонова болест е далеку посериозна, затоа што не влијае премногу на физичката состојба, но го ограничува неговото појавување во јавност. Тоа е фатална дијагноза“, навел научникот, додавајќи дека тој сепак не е лекар и дека не може да соопшти прецизни детали.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на други извори од Русија, Путин бил опериран поради рак на желудникот. Кремљ ваквите наведени тврдења ги демантирал, соопштувајќи дека Путин се чувствува добро.

Дури и да Путин наскоро отстапи од местото на претседател, прашање е кој би бил достојна замена. Поранешниот претседател Дмитри Медведев и министерот за земјоделство, Дмитри Патрушев, се сериозни кандидати, но се зборува и дека голема улога на чело на државата би можела да има и ќерката на Путин, Катерина Тихонова.

За потсетување, пред некој ден се појави снимка на која се гледа како Путин, за време на еден од видео состаноците, добил напад на кашлица, а Кремљ морал да реагира објаснувајќи дека Путин се чувствува одлично.

Извор/Курир.рс 

(Видео) Путин доби напад на кашлица и ги извади од памет среде состанок дека има корона

Share
Scroll to Top