ЕП за ракометарки ќе се игра само во Данска

ЕП за ракометарки ќе се игра само во Данска

пред 4 години

ЕХФ, по неколку дена преговори и консултации, во понеделникот, донесе одлука околу тоа каде ќе се одржи Европското првенство во женска конкуренција.

Проблемот околу организацијата настана кога Норвешка, поради протоколите за заштита од коронавирусот се повлече од заедничката организација со Данска.

Конечната одлука на ЕХФ е првенството да се игра само во Данска и тоа во два града, Хернинг и Колдинг. Натпреварите во групите А и Б ќе се играат во Хернинг, а Колдинг ќе биде домаќин на групите Ц и Д.

Во А-групата се: Франција, Данска, Црна Гора и Словенија, а Б-групата ја сочинуваат: Русија, Шведска, Шпанија и Чешка.

Холандија, Унгарија, Србија и Хрватска се во Ц-групата, а во Д-групата играат: Романија, Норвешка, Германија и Полска.

Европското првенство за ракометарки ќе се одржи од 3. до 20.декември.

Share
Scroll to Top