ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека е подготвен за снегот, а загадениот воздух не го ни спомнува

пред 6 години

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, тоа е работа која Градот Скопје треба да ја врши редовно, затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешните активности на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Тој се фали дека е спремен за снег, во ситуација кога има најмалку четири општини во Градот Скопје во моментов во кои загаденоста е на највисоко ниво. Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз кој најголем дел од граѓаните на Скопје не можат да си го дозволат, па се принудени да се гушат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици по животот од нечистиот воздух, за што Шилегов нема мрднато со прст“, се наведува во соопштението од политичката партија.

Во него се додава и дека актуелниот градоначалник не реализирал ниту еден од проектите кои ги ветил на скопјани.
„Урбанистичкото насилие продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, има се повеќе сообраќајни гужви, а ветувањата како ‘Град без смог’ останаa во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top