Жена прегазена кај Кадрифаково

пред 4 години

Рано утрово во полиција било пријавено дека на регионалниот пат во светиниколското село Кадрифаково, автомобил „форд фокус“, со светиниколски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот Т.Г. од селото Ерџелија, удрил во 45-годишна жена пешак – С.П. од Кадрифаково.

Од ударот, С.П. починала на местото на незгодата.

Увид извршила увидна екипа од полициската станица Свети Николе во координација со Јавен обвинител.

Share
Scroll to Top