Узуни го доби дресот на Роналдо

Узуни го доби дресот на Роналдо

пред 4 години

Минути го делаа Ференцварош од сензационален резултата против Јувентус во Торино. На крајот „старата дама“, успеа со голот на Алваро Мората во 92.минута да го победи унгарскиот шампион со 2:1.

Ференцварош имаа предност против италијанскиот великан, со голот што го постигна Мирто Узуни. Голот, против големиот противник, репрезентативецот на Албанија го прослави во стилот на Кристијано Роналдо, кој до крајот на првиот дел успеа да го израмни резултатот.

Роналдо му е идол на Узуни, кој по натпреварот го побарал и го добил дресот на славниот Португалец.

 

Share
Scroll to Top