Каде се стрелците? Само три гола по 45 минути во ЛШ – Интер во големи проблеми!

Каде се стрелците? Само три гола по 45 минути во ЛШ – Интер во големи проблеми!

пред 4 години

Лигата на шампионите треба да го претставува најдоброто во клупскиот фудбал, највозбудливото што го нуди спортот, но тоа не би можело да се забележи во шесте натпревари од вечерната програма, на кои беа постигнати само три гола и доделен еден црвен картон (и тоа на ист натпревар).

Најголемите возбудувања беа во Милано, каде што Интер не само што губи со 0:1 од Реал, туку игра и со играч помалку по црвениот картон на Артуро Видал, со што драстично се намалуваат шансите „нераѕурите“ да стигнат до позитивен резултат. Голот пак, беше постигнат од пенал, кога Еден Азар уште во шестата минута ги донесе „кралевите“ во водство.

Единствените други голови паднаа на „Велодром“, каде што Порто води со 1:0 над Марсеј, и на „Алијанц арената“, каде Баерн има 1:0 против Салцбург.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Ајакс – Митјиланд 0:0

Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 0:0

Баерн Минхен – РБ Салцбург 1:0

Интер – Реал Мадрид 0:1

Ливерпул – Аталанта 0:0

Марсеј – Порто 0:1

Share
Scroll to Top