Samsung не губи време кога се во прашање софтверските надградби на своите уреди. Ажурирањата редовно пристигнуваат и на часовниците и ги унапредуваат уредите како, а сега јужнокорејскиот гигант изфрли нов апдејт за LTE верзијата на Galaxy Watch Active 2, кој донесува унапредувања во работата, но и нови функции.
Ажурирањето стигна на часовниците во САД, „тежи“ 45.42MB, а ја носи firmware верзијата R825USQU1BTJ6. Според официјалните информации, ја унапредува прецизноста на GPS и јачината на конекцијата, како и гласовното наведување преку Bluetooth во текот на тренингот. Во текот на минатиот месец новото ажурирање пристигна во Јужна Кореја.
Од моментот кога излезе часовникот, доби неколку софтверски апдејти, вклучувајќи и детекција на пад, анализа на трчање, паметни одговори, поддршка за нови емотикони и друго. Последно пред тоа беше ажурирањето на Tizen UI 5.5, па некои пазари добија и поддршка за EKG – метод што во медицината се користи за анализа на работата на срцето.