Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ учествуваше на онлајн конференција за инвестиции во спортот организирана од Хрватската трговска комора, по што кратко разговараше со новинарите. Грабар-Китаровиќ изјави дека и таа и нејзиното семејство сигурно ќе се вакцинираат против коронавирусот.
„Против грип се вакцинирам од 1993 година, кога последен пат имав грип и тешко го поминав иако имав 25 години. Вакцината е дел од решението, а не проблем. Да не заборавиме дека денес немаме детска парализа благодарение на вакцината“, рече меѓу другото таа.
Грабар-Китаровиќ повика на солидарност со оние кои се најзагрозени од коронавирусот и на кои, како што рече, вирусот може да им наштети.
„Треба да се придржуваме кон мерките и да постапуваме одговорно и на тој начин да се заштитиме себеси и другите“, рече таа.