Играчот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез (33) го зазема првото место на оваа неславна листа откако на СП во 2014 година во Бразил го гризна Италијанецот Џорџо Киелини. Уругваецот е познат и по бројните симулации.
Втор на листата е Шпанецот Серхио Рамос (34), дефанзивецот на Реал Мадрид. Во Ла Лига има 20 црвени картони досега, во Лигата на шампиони – 6.
„Питбул“ е прекарот на Фелипе Мело (37), прекар добиен по исклучително агресивната игра. Бразилскиот фудбалер во кариерата заработил 14 црвени картони, а играше за врвни екипи – Интер, Јувентус, Галатасарај.
Португалецот Пепе (37) е најпознат по својата кариера во Реал Мадрид. Познат е и по агресивниот стил на игра, ќе остане запаметен кога во 2012, против Барселона намерно го нагази Лео Меси.
Шведскиот фудбалски ветеран Златан Ибрахимовиќ (39) секако се најде во ова друштво. И на терен и надвор од него, „пука“ од ароганција. Познат е по тоа што има „краток фитил“, а во кариерата се тепал и со соиграчи, на тренинг. Досега заработил 13 црвени картони.
Англичанецот Вејн Руни (35) кој во 2017 година стана најдобриот стрелец меѓу „црвените ѓаволи“ има темперамент кој често не може да го контролира. Често во кариерата заработува исклучувања поради навери и удирање на противнички играчи.
Италијанецот Марио Балотели (30) беше еден од најталентираните светски фудбалери, но често во јавноста неговото име се споменува поради недисциплина и постапки кои не доликуваат на фудбалска ѕвезда. Заработил 12 црвени картони за 6 различни екипи.
Поранешниот италијански фудбалер, актуелен тренер на Наполи, Џенаро Гатузо во фудбалскиот свет ќе остане запаметен како агресивен играч кој молневито реагира – вистински војник.