Бајден го повика Фаучи да биде дел од неговиот тим

пред 4 години

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, рече дека го повикал водечкиот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против Ковид-19.

„Го замолив да остане на истата позиција што ја извршуваше за последните неколку претседатели и го замолив да ми биде главен медицински советник, како и дел од тимот за борба против Ковид“, за „Си-ен-ен“ изјави Бајден, кој со новата администрација стапува на должност на 20 јануари.

Тој исто така рече дека вакцината ќе ја прими кога Фаучи ќе каже дека е безбедна и додаде дека ќе се вакцинира јавно, пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top