Пулев: Ако го победам Џошуа ќе станам поголем Бугарин од Стоичков

Пулев: Ако го победам Џошуа ќе станам поголем Бугарин од Стоичков

пред 4 години

Кубрат Пулев верува дека доколку го победи Ентони Џошува, во вечерашната борба, дека може да стане најголем бугарски спортист во историјата. На тоа место сега се наоѓа, фудбалската легенда, Христо Соичков.

„Хрсто Сотичков ми е пријател. Ги познавам речиси сите славни луѓе во Бугарија. Секогаш кога сум во Бугарија заедно ручаме во еден ресторан. Дали ќе станам голема ѕвезда како него доколку го победам Џошуа? Сигурно дека во Бугарија ќе бидам ѕвезда“, рекол Пулев о открил дека во договорот помеѓу борците постои и клаузула за реванш.

„Ќе видиме доколку победам и доколку победата биде убедлива, тогаш можеби тој нема да сака да има реванш. Не верувам дека во тој случај ќе сака да се бори откако го изненади Руиз. Ако победам нема да биде изненадување“.

Борбата помеѓу Пулев и Џошуа ќе започне во 22 часот. Џошува ќе ги брани титулите во тешка категорија во верзиите на ВБО, ВБА и ИБФ.

Share
Scroll to Top