Бракот меѓу Елен Деџенерес и Порша де Роси пред распад

Бракот меѓу Елен Деџенерес и Порша де Роси пред распад

пред 4 години

Најпознатата лезбијска двојка на светот, 62-годишната водителка и комичарка Елен Деџенерес и нејзината 47-годишна сопруга, актерката Порша де Роси, наводно не се во добар однос веќе подолго време и нивниот брак е пред распад, пишуваат светските таблоиди.

Магазинот New Idea открива дека нивниот однос е нарушен, поради лагите и тајните на Елен, кои ги крие од нејзината партнерка, но и обратно.

Нивните проблеми се зголемија, по јавните обвинувања од страна на вработените во шоуто на Елен дека таа психички ги злоупотребувала и ги понижувала на сетот.

Поради тоа, водителката јавно им се извини, за да избегне истото да биде укинато, поради падот на гледаноста, кој настана како последица на скандалот.

Стресот се одразил на нивната врска, но уште поголем проблем настанал по лагите и невистините кои двете ги имале една кон друга. Елен криела од Порша дека неодамна купила нова куќа, нешто што актерката го открила многу подоцна, открил извор близок до двојката.

Американските медиуми неодамна пишуваа дека Порша се иселила од нивната куќа и дека тие двете живеат одвоено. Изворот тврди дека двете се караат без прекин.

„Ништо што ќе направи Порша  не е добро за Елен. Цела година не можат да се согласат околу важни одлуки, како онаа кога Порша требаше да прифати понуда да си има свое кулинарско шоу, кое мораше да се снима во нивната куќа. Елен не ѝ дозволи“, открива изворот.

 

Share
Scroll to Top