Гудуриќ се врати во Фенербахче

Гудуриќ се врати во Фенербахче

пред 4 години

Српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ се врати во Фенербахче, потврди клубот од Истанбул. Гудуриќ пред два дена доби отказ во Мемфиз Гризилс, поради што реши да се врати во Европа.

Гудуриќ од Фенербаче, пред две години, замина во НБА лигата. Клубот објави дека тој потпишал договор до 2023 година.

Фенербахче има катастрофална сезона во Евролигата, во 15 натпревари имаат само пет победи. Синоќа, Фенербахче беа поразени од Жалгирис со 37 поени разлика.

Гудуриќ кариерата ја започнал во ФМП од Железник, а пред Фенербахче бил играч на Црвена звезда.

Share
Scroll to Top