СДСМ: Да празнуваме одговорно, сите да ги почитуваме мерките за заштита

пред 4 години

„Претстојниот празничен период да го одбележиме одговорно, во кругот на семејството, грижејќи се за своето и за здравјето на нашите најдраги.Сега кога вакцината ни е на дофат, есенскиот пик постепено се стабилизира, голем ризик може да биде неодговорно празнување на претстојните новогодишни и божиќни празници.Затоа од денеска до 20 јануари, да празнуваме одговорно со почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот, против кој заедно се бориме речиси една година“, соопшти СДСМ.

Од денеска, устителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.Се препорачува да нема собирање на граѓаните во домовите на семејни прослави.Се забранува групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор.Граѓаните да не ги напуштаат домовите по 18 часот ако немаат потреба.

„Сега е потребно сите да се издигнеме над поединечниот интерес. Сите заедно да бидеме одговорни и да не дозволиме најубавите мигови да се претворат во лоши спомени.Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не предизвикаме нов бран на епидемијата – токму сега кога сме на чекор до масовната вакцинација после која целиот свет очекува да се вратат нормалните услови за живот, работа и развој.Славењето може да почека – здравјето не“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top