Министерката за труд, вработување, боречки и социјални работи на Србија, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон ја примија Фајзеровата вакцина.
Покрај претставниците на владата, првите дози ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера објави дека вакцинирањето ќе започне денес.
Другата вест е дека уште 20.000 дози од споменатата вакцина доаѓаат на почетокот на јануари, а Планот за имунизација е веќе направен.