Седуммина на трансфер листата – Челси собираат пари за да го донесат Халанд

Седуммина на трансфер листата – Челси собираат пари за да го донесат Халанд

пред 4 години

Френк Лампард и Челси имаат големи планови за летниот преоден рок. „Скај Спорт“ и „Сан“, тврдат дека Челси ќе влезе во трката за потписот на Ерлинг Халанд и ќе се обидат да го реализираат трансферот на Деклан Рајс од Вест Хем.

За потписот на Халанд, Челси, ќе имаат жестока конкуренција. Норвежанецот го поврзуваат со клубовите од Манчестер и со шпанските великани Реал и Барселона.

Кога станува збор за Рајс, Челси и минатото лето преговараа за него, но трансферот не беше реализиран.

Планот на „сините“ е со продажба на седум фудбалери да обезбедат пари за трансферот на Халанд. Седуммината кои ќе бидат ставени на транфер-листата се играчи играат на позајмици во други клубови или имаат минорна минутажа.

Тоа се Антонио Ридигер, Маркос Алонсо, Андреас Кристенсен, Жоргињо, Рос Баркли, Виктор Мосес и Дени Дринквотер.

Халанд има договор со Борусија до 2024 година, но и клаузула според која тој може да го напушти клубот во 2022 година за 75 милиони евра. Јасно е дека Германците немаат намера да го продадат по завршувањето на сезоната. Веројатно би направиле исклучок доколку некој понуди двојно поголема сума.

Цената на Деклан Рајс изнесува 55 милиони евра.

Share
Scroll to Top