Електричните автомобили, за две години, може да станат поевтини од нивните алтернативи на бензин, вели новиот извештај на компанијата за истражување на енергијата BlumbergNEF.
Просечната пазарна цена на батериите за електрични автомобили до 2023 година ќе биде 101 американски долар за kWh. Аналитичарите долго време зборуваат за фактот дека трошоците за електричните возила треба да бидат исти како и за автомобилите кои користат плин. Како што се наведува, тие трошоци би требало да изнесуваат максимум 100 долари за kWh, додека со помош на кредити и субвенции, тие би можеле да бидат уште пониски.
Цената на батеријата за електричните автомобили сочинува околу една четвртина од вкупните трошоци за изградба на возило и затоа се предвидува дека пресвртна точка во индустријата за електрични автомобили може да биде моментот кога вредноста на батеријата ќе падне под цената на бензинскиот мотор. Кога тоа ќе се случи, електричните возила ќе станат далеку попривлечни и попристапни за многу повеќе луѓе.
Цените на електричните автомобили значително опаднаа оваа година поради „зголемените порачки и растот на продажбата“, се вели во извештајот. Развојот на нови технологии и падот на трошоците за производство може дополнително да ги намалат цените на електричните автомобили.
Извор: Додај Гас