Во Хрватска 2.391 новозаразен со коронавирус, 60 починати

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.391 нов случај на инфекција со коронавирус,а 60 лица починаа, пренесува „Јутарњи“.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 8.899, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив има 2.524 пациенти на болничко лекување, од кои 231 се на апарати за дишење. Во изминатите 24 часа закрепнале 1.733 лица, а биле тестирани 8.441.

Досега во Хрватска се евидентирани вкупно 210.837 лица заразени со новиот коронавирус.

Share
Scroll to Top