Фудбалерите на Лестер Сити со 2-1 го совладаа Њукасл на негов терен во рамки на 17 коло во англиската Премиерлига.
„Лисиците“ со головите на Медисон (55) и Тилеманс (72) ја донесоа победата. Единствениот гол за домашниот тим го постигна Керол во 82 минута.
Со овој триумф Лестер се искачи на третата позиција на табелата со 32 бода и се на само бод помалку од лидерот Ливерпул и второпласираниот Јунајтед.
Њукасл со 19 бода по 17 кола останува блиску до зоната за испаѓање во понизок ранг.