Со гол и со асистенција, Уругваецот Луис Суарез повторно покажа и докажа за каква класа фудбалер станува збор.
Атлетико Мадрид славеше со 2-1 на гостувањето кај Алавес и сега „јорганџиите“ повторно се највисоко, на првата позиција на табелата во Ла Лига.
Во 41 минута Љоренте на асистенција на Суарез погоди за 0-1 за фаворитот.
Кога во 63 минута домашните останаа со играч помалку (Лагуардиа доби директен црвен картон) јасно беше дека „јорганџиите“ ќе го земат целиот плен.
Сепак, Фелипе малку фалеше да ги замрси сметките на Чоло Симеоне. Си постигна автогол во 84 минута, 1-1.
Сепак, Атлетико го има Суарез во екипата, па тој во 90 минута погоди за многу важен триумф на екипата која по 15 кола собра 38 бода и е лидер на табелата во лигата. Реал Мадрид има 2 бода помалку и 2 меча повеќе одиграни од градскиот ривал.