Словачката скијачка Петра Влхова вторпат во низа слави на слаломот во Слјеме. Таа беше најбрза и во првото и во второто возење, а победи пред Австријката Катарин Линсбергер со време 1:59.08.
Како трета денешната трка ја заврши Швајцарката Михаела Гисин, додека четвртата позиција и припадна на Американката Микаела Шифрин која четирипати досега славеше на истата патека.
Со овој триумф Влхова ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Мишел Гизин и Микаела Шифрин.
Следниот викенд во австриски Сент Антон на програмата се трките во спуст и во супервелеслалом.