Motorola има неколку интересни телефони во подготовка, вклучувајќи ги Motorola Nio со Snapdragon 865+ чип, Motorola Capri и Capri Plus од средниот сегмент со поддршка за 4G. Сега има информации и за друг смартфон на Motorola, кој го покренува необјавениот Snapdragon чипсет.
Информациите за телефонот доаѓаат од Technik News, кој исто така ги откри и кодните имиња Nio, Capri и Capri Plus. Според протечените детали, Motorola Ibiza ја носи ознаката на моделот XT-2137. Ќе го покренув мистериозниот SM4350 Snapdragon чипсет со 5G поддршка. Чипсетот е под кодно име „Холи“ и се сугерира дека станува збор за 5G модел во рамките на Snapdragon 4 серијата.
Motorola Ibiza се очекува со HD+ резолуција и брзина на освежување на екраноѕ од 90Hz, со засек за селфи камерата во дисплејот. Телефонот може да има 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Се очекува 5000mAh батерија и Android 11 од самиот старт. На задната страна може да се најдат три камера сензори (главен 48MP Samsung S5KGM1ST, 5MP макро и сензор за длабочина од 2MP), додека од предната страна се очекува камера од 13MP.