(Галерија) Бадниковата трпеза сосе паричката: Среќна година за децата на познатите

(Галерија) Бадниковата трпеза сосе паричката: Среќна година за децата на познатите

пред 4 години

Една од најубавите традиции во годината е бадниковата вечера. На празникот што се слави само со семејството, македонските јавни личности се пофалија дека годинава нивните деца ја добиле паричката. Кај Тамара Тодевска паричката се падна кај ќерката Хана, Весна Бејби напиша дека без местенка паричката ја доби Мина, а и Илина, ќерката на Сара Мејс и Димитар беше најсреќна. Кај Татјана Лазаревска, која Бадник го прослави со семејството во Мелбурн, паричката ја доби синот Стефан, а втора година по ред паричката кај Борко Ристовски ја добива син му Душан, а годинава паричката му се падна и на Ијан, синот на Нора Шаќири.

Дека ѝ се паднала бадниковата паричка се пофали и експратеничката Фросина Ременски, пејачката Верица Пандиловска, а и Хелена Роза од Нов Зеланд испрати порака дека по 12 години паричката е конечно кај неа.

Некои од јавните личности, пак, објавија покажаа дека замесиле лепче или пита. Наташа Малинкова објави видео како прави пита со праз.

Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Драгана Клопчевска, Пере од Нокаут, Симона Поповска, Елена Миленковска, Владимир Четкар се само дел од оние што покажаа како ја подготвиле трпезата за бадниковата вечера и на своите пријатели и фанови им посака бериќетна година.

 

Share
Scroll to Top