„Не сме добиле никаква понуда за Брант“

„Не сме добиле никаква понуда за Брант“

пред 4 години

Англиските медиуми, од почетокот на преодниот рок, го поврзуваат играчот на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант, со тимот на Арсенал.

Спортскиот директор на „милионерите“, Михаел Цорк, изјавил дека во клубот не стигнала никаква понуда за овој фудбалер.

„Не можеме да се бориме според шпекулациите. Вистината е дека ние не сме добиле никаква понуда во врска со трансферот на Јулијан Брант“, рекол Цорк.

Брант пристигна во Дортмунд во 2019 година од редовите на Баер Леверкузен, но не успеа да ги оправда очекувањата. За Борусија има одиграно 46 натпревари, на кои постигнал три гола.

Share
Scroll to Top