Суспензија за златната олимписка шампионка на 100 метри со пречки

Суспензија за златната олимписка шампионка на 100 метри со пречки

пред 4 години

Американската атлетичарка Бријана Ролинс-Мекнил која е олимписка шампионка на 100 метри со пречки е суспендирана на неодредено време поради кршење на анти-допинг правила. Единицата за интеритет во атлетиката соопшти дека Ролинс-Мекнил е обвинета за „мешање во процесот на утврдување на резултати“.

Доколку се утврди дека е виновна, и се заканува суспензија од 4 до 8 години.

Американката освои злато на ОИ во Рио во 2016 година, а во 2013-та триумфираше и на СП во атлетика.

Таа во моментов го има четвртото најдобро вре,е во историјата на 100 метри со пречки – 12,26 секунди.

Share
Scroll to Top