Астон Вила минимално го порази Саутемптон на „Сент Мери“ стадионот, во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата. Победникот го реши голот на Рос Баркли во 41.минута.
Саутемптон сигурно ќе имаат многу поплаки на сметка на ВАР, во деветтата минута не добија пенал отако Мети Кеш играше со рака пред својот гол, а во 94.минута му беше поништен голот на Дани Ингс.
Астон Вила со оваа победа ги прескокна Челси и Арсенал на табелата и сега се наоѓа на осмото место со 32 бода, додека Саутемптон имаат три бода помалку на 11.позиција.