Гвардиола во „војна“ со Клоп: Не мислев дека Јирген е таков тип на менаџер

Гвардиола во „војна“ со Клоп: Не мислев дека Јирген е таков тип на менаџер

пред 4 години

Пеп Гвардиола и Јирген Клоп го „загреаја“ дербито овој викенд, откако Каталонецот му врати на менаџерот на Ливерпул за тврдењето дека Манчестер сити имале двонеделна пауза поради КОВИД-19, која влијаела на нивната одмореност и добра форма во последните мечеви.

Мечот на Сити против Евертон на 29 декември беше откажан неколку часа пред стартот кога пет фудбалер и двајца членови на тимот беа позитивни на КОВИД-19 и Клоп вели дека неговиот тим е уморен пред неделното дерби за разлика од тој на Гвардиола, кој добил „двонеделна пауза“. Всушност, Сити имаа седум дена одмор меѓу мечот со Њукасл на 26 декември и дуелот со Челси на 3 јануари и Гвардиола беше лут на „боцката“ од Клоп.

„Тој направи грешка, тоа беше два месеци, три месеци, четири месеци, затоа сме на првото место сега. Јирген мора да го погледне календарот повторно. Имавме КОВИД, имавме една недела одмор, игравме со 14 фудбалери на ‘Стемфорд бриџ’. Можеби јас грешам и биле две или три недели. Кога ќе го сретнам ќе го прашам. Изненаден сум, мислев дека Јирген не е таков тип на менаџер, не очекував таков коментар. Можеби беше недоразбирање, ако го погледне календарот ќе види дека биле два месеци“, изјави Гвардиола.

Ситиќе бидат без Кевин де Брујне, Серхио Агуеро и Нејтан Аке против Ливерпул, но ако им го нанесат третиот последователен домашен пораз на Ливерпул ќе се одвојат на 10 поени од нив со натпревар помалку. Гвардиола, сепак, никогаш нема победено на „Енфилд“ како менаџер.

Share
Scroll to Top