Ѕвездата на Баерн Минхен, Џером Боатенг се наоѓа во центарот на вниманието на германските таблоиди, откако влезе во остра расправија со
Поранешната девојка на ѕвездата на Баерн Минхен Џром Боатенг, германската убавица Касја Ленхард, извршила самоубиство, обајви „Билд“. Таа била пронајдена мртва, синоќа околу 20.30 часот, во својот стан во Шарлотенбург. Берлинската полиција објави дека станува збор за самоубиство.
Минатата недела, Боатенг и Ленхард, беа во центарот на вниманието на германските медиуми. Откако ја раскинале 15-месечната врска, Боатенг ја обвини Касја Ленхард за уцена и за уништување на претходната врска, по што таа го нарече „ѓавол“.
Ленхард тврди дека Боатенг постојано „лаже и мами“, одговарајќи му откако дефанзивецот на Баерн изјави дека разочаран со своето однесување и мора да ја понесе одговорноста за наштетување на неговото семејство.