Конте се извини за средниот прст упатен до Ањели

Конте се извини за средниот прст упатен до Ањели

пред 4 години

Тренерот на Интер, Антонио Конте денеска се извини поради непристојната гестикулација кон членовите на Управата на Јувентус, пред се кон претседателот на клубот, Андреа Ањели по реваншот од полуфиналето на Копа Италија во Торино.

Мечот заврши без голови 0-0, н веднаш по завршувањето на мечот нервозниот италијански стратег му покажа среден прст на Ањели.

На денешната прес-конференција пред утрешниот меч против Лацио Конте се извини за непримерниот потег, но рече дека бил испровоциран.

„Сакам да се извинам што реагирав на погрешен начин откако ме навредија. Можев поинаку да реагирам и тоа ќе беше попозитивно. Жал ми е, ќе извлечам поука од ова. Навредите и провокациите не би требало да бидат изговор, не требаше така да реагирам. Ние како играчи, тренери, претседатели на клубови мора да сме пример. На провокации, на навреди треба да реагирам на друг начин, на пример со подигнат палец или со аплауз, за да покажам дека сум слушнал што е речено“ изјави Конте.

Share
Scroll to Top