Поголемиот дел од IT компаниите не го гледаат рударството како поле за примена на 5G технологијата, иако таа област има голем потенцијал.
Компанијата Huawei ќе ја примени 5G технологијата во областа на рударството, со цел подобрување на безбедноста и ефикасноста во рударската индустрија.
На тој начин голем број од функциите кои што се вршат рачно ќе бидат дигитализирани, истакнал директорот на компанијата Рен Женгфеи.
Поголемиот дел од IT компаниите во рударството не гледаат поле на кое што може да се примени најновата технологија, иако таа област има голем потенцијал.
„Кина има околу 5.300 рудници за јаглен и 2.700 рудници за руда. Доколку успееме да опслужиме повеќе од 8.000 работници, ќе можеме да го прошириме нашето работење и во рудниците надвор од Кина.
Намалувањето на бројот на вработените во оваа индустрија може да биде од големо значење за рудниците кои што се наоѓаат во арктичките региони и во Канада и Русија“, изјавил Женгфеи.
Извор: Telegraf.rs