(Галерија) Ќерката на Мадона со неизбричени пазуви во новата кампања на Марк Џејкобс

(Галерија) Ќерката на Мадона со неизбричени пазуви во новата кампања на Марк Џејкобс

пред 6 години

Лурдес Леон, најстарата ќерка на Мадона е ново заштитно лице на модниот дизајнер Марк Џејкобс. Неколку слики од новата кампања се појавија во јавноста, а Лурдес повторно е со неизбричени пазуви. Слики предизвикаа спротивставени реакции, па едни ја критикуваа дека не изгледа убаво и не е хигиенски, а други ја поддржаа, велејќи дека им се допаѓа што е природна.

24-годишната танчерка и манекенка, ја сними новата кампања на Џејкобс два месеци откако се појави на рекламата инспирирана од Y2k за Juicy Couture.

„Лурдес совршено се вклопува во идејата на брендот, таа позира со новите уникатни асесоари, tote bags, патики, впечатливи градници и накит. Марк има долга приказна со Мадона и затоа имаше смисла Лола да биде заштитно лице на кампањата, бидејќи таа совршено го вметнува младиот дух и бескомпромисното чувство за индивидуалност кое е од клучно значење нашиот бренд“, стои во соопштението до јавноста.

 

И Лурдес објави неколку слики на својот инстаграм-профил и му се заблагодари на дизајнерот што ја избрал токму неа.

Share
Scroll to Top