Стручни медицински лица започнаа со утврдување на процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од коронавирусот.
Проектот „Колку сме имуни на Ковид-19“ започна од скопската општина Карпош.
На платото во Лептокарија, на отворено, по случаен избор на граѓани, стручните медицински лица од Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медициинскиот факултет во Скопје, им земаа примероци од крв, преку кои ќе се анализира присуството на антителата кај нив.
Граѓаните ќе добијат бесплатен клинички резултат по електронски пат, информираат од таму.
„Денеска, во Карпош беа земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг, односно од вкупнот примерок за испитување на отпорноста на ковид на ниво на град Скопје“, велат од Институтот.
Стручниот тим од Инситутот според најавите ќе продолжи со истражувањето и по други скопски општини.
Основната цел како што нагласуваат е да се стигне до репрезентативен примерок на граѓани и да се уТврди колку од истите во скопското подрачје го прележале вирусот.
КОЛКУ СМЕ ИМУНИ НА КОВИД – 19, СТАРТУВАШЕ ОД КАРПОШ